Опис на категоријата:
Спаѓаат групи возила во кои влечното возило спаѓа во поткатегоријата „Д1“, а неговото приклучно возило е со вкупна маса поголема од 750 kg, при што групата на возила не надминува 12.000 kg, а вкупната маса на приклучното возило не ја надминува масата на празното влечно возило и во него не може да се превезуваат лица.
Потребни документи и услови:
- Наполнети 21 години возраст
- Најмалку една година да поседува „Д1” категорија
- Доказ за завршено најмалку основно образование
- Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина
- Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач
- Важечка лична карта
- Доказ за уплатен износ на трошоци за полагање на возачкиот испит