Потребни документи и услови за Д категорија

Опис на категоријата:

Спаѓаат моторни возила за превоз на лица, кои освен седиштето на возачот имаат повеќе од 8 (осум) седишта, на кои може да им биде придодадено приклучно возило и чија вкупна маса не надминува 750 kg.


Потребни документи и услови:

  • Најмалки две години да поседува „Ц” категорија
  • Доказ за завршено најмалку основно образование
  • Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина
  • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач
  • Важечка лична карта
  • Доказ за уплатен износ на трошоци за полагање на возачкиот испит

Ценовник за Д категорија

Полагање по прв пат
Тип на испит Цена на испит Републички буџет Админ. такса
Теоретски дел 1580,00 600,00 110,00
Прв практичен дел 1400,00 0,00 0,00
Втор практичен дел 1400,00 0,00 0,00
Повторно полагање (втор, трет и повеќе пати)
Тип на испит Цена на испит Републички буџет Админ. такса
Теоретски дел 1770,00 350,00 50,00
Прв практичен дел 1770,00 250,00 50,00
Втор практичен дел 1770,00 250,00 50,00

Сметки

Назив на општина Уплатна сметка
Репуб. буџет
Уплатна сметка
Админ. такса
Берово 840 102 03161 840 102 03182
Виница 840 112 03161 840 112 03182
Делчево 840 120 03161 840 120 03182
Кочани 840 136 03161 840 136 03182
Пробиштип 840 157 03161 840 157 03182
Свети Николе 840 163 03161 840 163 03182
Штип 840 174 03161 840 174 03182
Македонска Каменица 840 146 03161 840 146 03182

Во прилог се дадени потребните уплатници. Првата уплатница (Образец ПП10) е за уплаќање на цената на испитот која е дадена претходно за соодветната категорија и прво полагање или повторно полагање на испит од исти тип. Втората и третата уплатница (Образец ПП50) се за уплаќање на износите за Републички буџет и Административна такса со тоа што при пополнување кандидатот за возач треба да ја пополни уплатната сметка од неговиот град, а го внесува и износот за прво или повторно полагање.