Опис на категоријата:
Спаѓаат мотокултиватори и приклучни возила што ги влечат мотокултиваторите, велосипеди со помошен мотор, мопеди, лесни трицикли и лесни четирицикли.
Потребни документи и услови:
- Наполнети 16 години возраст
- Доказ за завршено најмалку основно образование
- Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина
- Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач
- Сертификат за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода
- Важечка лична карта
- Изјава на лицето или негов старател ако лицето не наполнило 18 год
- Доказ за уплатен износ на трошоци за полагање на возачкиот испит