Опис на категоријата:
Mоторни возила за превоз на лица кои покрај седиштето на возачот имаат повеќе од осум, но не повеќе 16 седишта и чија вкупна должина не надминува осум метри и може да се комбинира со приколка чија најголема дозволена маса на приколката е помала од 750 kg.
Потребни документи и услови:
- Наполнети 21 години возраст
- Најмалку две години да поседува „Ц” или „Ц1“ категорија
- Доказ за завршено најмалку основно образование
- Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина
- Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач
- Важечка лична карта
- Доказ за уплатен износ на трошоци за полагање на возачкиот испит