Потребни документи и услови за ЦE категорија

Опис на категоријата:

Група на возила влечени од страна на возило кое припаѓа во категорија „Ц“ на кое може да биде придодадено приклучно возило чија најголема дозволена маса е поголема од 750 kg согласно со прописите од областа на единечно одобрение на возила.


Потребни документи и услови:

  • Наполнети 21 години возраст
  • Најмалку една година да поседува „Ц” категорија
  • Доказ за завршено најмалку основно образование
  • Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина
  • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач
  • Важечка лична карта
  • Доказ за уплатен износ на трошоци за полагање на возачкиот испит