Потребни документи и услови за А1 категорија

Опис на категоријата:

Спаѓаат Мотоцикли чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од 11 kw и соодносoт на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0.1 kw/kg, како и трицикли со моќност помала од 15 kw.


Потребни документи и услови:

  • Наполнети 16 години возраст
  • Доказ за завршено најмалку основно образование
  • Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина
  • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач
  • Сертификат за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода
  • Важечка лична карта
  • Изјава на лицето или негов старател ако лицето не наполнило 18 години
  • Доказ за уплатен износ на трошоци за полагање на возачкиот испит