Опис на категоријата:
Мотоцикли со или без бочна приколка, како и трицикли со моќност поголема од 15 kw
Потребни документи и услови:
- Наполнети 24 години возраст или
- Наполнети 21 години возраст ако 2 години поседува категорија „А2“
- Доказ за завршено најмалку основно образование
- Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина
- Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач
- Сертификат за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода
- Важечка лична карта
- Доказ за уплатен износ на трошоци за полагање на возачкиот испит